Потрошувачите избраа: Виталиа – најпознат бренд за здрава храна за 2021

Во истражувањето спроведено од компанијата за истражување, анализи и консалтинг - InsiderID, „Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија“, Виталиа ја задржува позицијата и во 2021 како најпознат бренд во категоријата ЗДРАВА ХРАНА. Анализирани се вкупно 18 категории на производи, а анкетирани се повеќе од 1.250 активни потрошувачи на територијата на целата држава.

Здравата исхрана во моментов е меѓу најактуелните категории на светските пазари, а во Македонија станува сѐ поинтензивна, сѐ поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави и функционални производи за одржување на нивното здравје, како и за превенција од болести.

„Виталиа“ е добро препознатливо име на македонскиот пазар и кај македонскиот потрошувач, бренд, кој повеќе од 27 години, здравата исхрана ја поставува како приоритет. Виталиа е нашиот амбасадор, најуспешната компанија во оваа категорија, со застапеност на својата програма во повеќе од 55 земји во светот и  со белег на секој производ со знакот „Made in Macedonia“.

„Нѐ радува фактот што македонските купувачи ги препознаваат бенефитите на нашите производи и континуирано го бираат брендот Виталиа како главен сојузник за одржување на нивното здравје, особено денес, во услови кога светот се соочува со последиците од пандемијата. Потрошувачите знаат што е најдобро за нив, а ние ќе продолжиме со исполнување на нивните потреби и комплетна грижа за нивното здравје преку производство на висококвалитетни и иновативни  производи. Секој производ што го развиваме го создаваме со максимална посветеност, од срце, и мора да ги задоволи, пред сè, нашите строги критериуми за квалитет и за функционалност , без компромис на вкусот” , изјавуваат од Виталиа.

Само минатата година, во услови на пандемија, Виталиа ја зголеми својата производна програма со бројни иновации и нови продукти, со што забележа раст од 13 % на македонскиот пазар и над 5% на глобалните пазари. Воедно својата лидерска позиција ја зацврсти со проширување на позициите и до 80 % market share, со што се издигна на листата на премиум бренд со најдобар резултат и апсолутен успех.

Со изградбата на нов објект од 1.000м2, компанијата го продолжува трендот на инвестиции во развојните активности за проширување на капацитетите, со што во иднина се отвараат нови можности за зголемено производство и извоз на меѓународните пазари.

Со младиот енергичен тим на компанијата кој во моментот ја раководи, ваквите цели се остварлив предизвик и мотивација за унапредување, иновирање, раст и развој.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе
  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе