Потврден третиот случај на корона вирус во Франција

Париз, 25 јануари 2020 (МИА) –  Во Франција е потврден трет случај на корона вирус што се појави во Кина, соопшти Министерството за здравство.

„Станува збор за близок роднина на еден од заболените кој беше под истрага, случајот е потврден“, се вели во соопштението за печатот на министерството за здравство. Тројцата престојувале во Кина и се хоспитализирани во Бордо и во Париз, со мерки на „изолација“.

Според Министерството за здравство, опишаните симптоми главно предизвикуваат акутна респираторна инфекција: треска, кашлица, температура, болки во телото, замор и главоболки.

Исто така, пријавени се тешкотии во дишењето и белодробни абнормалности, како и потешки форми на патологии. Овие симптоми се вообичаени за другите патологии и го отежнуваат дијагностицирањето на овој вирус кој продолжува да мутира, според кинеските власти. Сепак, постои тест за откривање. Развиен во Германија, тој е веќе достапен во Париз и Лион, а ќе биде достапен низ цела Франција од следната недела.

Се верува дека пренесувањето од човек на човек се случува преку респираторниот тракт, преку контакт со рака и преку размена на плунка. Според првите набљудувања на одредени експерти, овој нов вирус е веројатно помалку  вирулентен од САРС (тежок акутен респираторен синдром), корона вирус со потекло од претходна епидемија, се појавил и во Кина, кој предизивикал скоро 800 смртни случаи во 2002-2003.

Според Жан-Клод Мангуера, истражувач од Институтот Пастер интервјуиран од Ле Паризиен, овој корона вирус е помалку заразен од грипот, затоа што почесто го има во „длабоките респираторни делови“.

Се препорачуваат конвенционални мерки на претпазливост за да се избегне контаминација: редовно да се мијат рацете, да се користат марамчиња за еднократна употреба, кашлање во лактот, избегнување на лица изложени на ризик или дури и носење хируршка маска.

Патниците што се враќаат од Кина се најмногу погодени од мерките на претпазливост. 

– При најмал знак на проблеми со дишењето или ако имате треска, не треба да одите во болницата за итни случаи, мора да се јавите во центарот 15, кој доаѓа да го земе пациентот, рече Агнес Бузан, министерка за здравство.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе