Потврдена новата сезона на „True Detective“ со оскаровец во главната улога

HBO официјално потврди дека мега-популарната ТВ-серија „True Detective” ќе добие трета сезона во која оскаровец ќе ја толкува главната улога.

Во описот на новото продолжение од крими-серијата стои: „Третата сезона на ‘True Detective’ ќе обработува мрачно злосторство кое содржи мистерија што се протега низ неколку децении во околината на Озаркс“.

Махершала Али ќе биде во улогата на Вејн Хејс, полициски детектив од северозападен Арканзас.

За сценариото ќе биде задолжен Ник Пицолато, како што беше случајот и во претходните две сезони. Пицолато исто така ќе биде дел и од режисерскиот тим во новата сезона, заедно со Џереми Солние, кој е познат по нискобуџетните независни филмови „Blue Ruin“ и „Green Room“.

„Многу сум среќен што ќе работам со креативци од калибарот на Махершала (Али) и Џереми (Солние). Се надевам дека сценариото ќе им помогне да ги покажат своите таленти и возбуден сум што ќе им ја раскажеме оваа приказна на гледачите”, изјави Пицолато.

Меѓу продуцентите на третата сезона се впишани имињата на Метју Меконахи и Вуди Харелсон, кои ги играа главните улоги во првата сезона и ја прославија сега веќе култната серија, како и Кери Фукунага, Стив Голин, Бард Дорос и Ричард Браун.

Сѐ уште не е познат датумот на премиерата на третата сезона, но во наредните неколку недели се очекува да се објават повеќе информации околу кастингот и приказната. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе