Потврдени 126 нови случаи, 4 лица починаа од COVID-19

Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на COVID-19.

По градови:
- Скопје 66
- Куманово 6
- Штип 15
- Прилеп 3
- Тетово 19
- Струга 2
- Велес 2
- Битола 1
- Кавадарци 4
- Гостивар 2
- Пробиштип 2
- Свети Николе 1
- Ресен 3

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

- Скопје 43
- Штип 1
- Битола 1
- Ресен 3

Во земјата, досега се направени вкупно 60.773 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 6.334, бројот на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557 лица.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.


Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на COVID-19.

Направените 1.140 теста се преку: ИЈЗ –489, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Клиника „Жан Митрев“ -180,  Систина со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на COVID -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

реклама

Не може да ги надмудрите луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци

Read more

Се самоуби внукот на Елвис Присли, Бенџамин Кео

Read more

Казна затвор 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Read more

Гејтс: Лекот и вакцините треба да бидат достапни за сите, не само за богатите

Read more

Македонија

МЗ: Денеска 6 лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти

Read more

До 15 часот гласале 340 лица со COVID-19 и во самоизолација

Read more

Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус

Read more

Нови 88 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Read more

Вести

МЗ: Денеска 6 лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти

Читај повеќе

СЗО: Кризата со коронавирусот може да се продлабочи

Читај повеќе

До 15 часот гласале 340 лица со COVID-19 и во самоизолација

Читај повеќе

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

Читај повеќе

Косово воведе задолжителен тест за COVID-19 за граѓаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора

Читај повеќе

Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус

Читај повеќе

Нови 88 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Градоначалникот на Сеул кој се самоуби бил обвинет за сексуална злоупотреба

Читај повеќе