Потврдени 33 новозаразени, оздравени 22 пациенти и еден починат

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2. На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404. Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 526, Куманово – 404, Дебар – 51, Штип-35, Прилеп –167, Тетово – 95, Струга – 67, Велес – 95, Битола –22, Охрид –15,       Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-6, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2, Кратово-1.

Направени се 332 теста и тоа преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Клиника „Жан Митрев“ –19, Систина со PCR метода  -23 и МАНУ -20.  Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни, стои во соопштението од Министерството за здравство. 

Тагови
реклама

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Симптоми на заболување на црниот дроб што многу луѓе ги забележуваат предоцна

Read more

Македонија

Дел од Центар денеска без вода, делови од Сопиште и Шуто Оризари без струја

Read more

Мицкоски се пофали: Повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата

Read more

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Read more

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more
 

Вести

Илјадници луѓе протестираат во Чешка во поддршка на јавните медиуми

Читај повеќе

Кина ќе го зголеми увозот од САД, фокус на месото

Читај повеќе

Фински нуркачи ги бараат телата на Италијанците на Малдивите

Читај повеќе

Кина е водечки џелат: 2025 година со најмногу погубувања ширум светот

Читај повеќе

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Читај повеќе

Запрено финансирањето за балската сала на Трамп во Белата куќа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Земјотрес во јужна Кина: Се урнаа 13 згради, евакуирани се над 7.000 луѓе

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Сопиште и Шуто Оризари без струја

Читај повеќе

Мицкоски се пофали: Повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата

Читај повеќе