Потврдени 78 нови случаи, 5 лица починаа од COVID-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на COVID-19.

По градови:
-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип 3
-Виница 1
-Свети Николе 5


Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во Општата болница во Струга е починат пациент на 86 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:

-Скопје 72
-Куманово 53
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пробиштип 2
-Ресен 4
-Неготино 1

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:


•       Скопје 3.422, активни 1.960
•       Куманово 801, активни 194
•       Дебар 110, активни 58
•       Штип 390, активни 157
•       Прилеп 281, активни 51
•       Тетово 775, активни 391
•       Струга 268, активни 169
•       Велес 196, активни 42
•       Битола 62, активни 23
•       Охрид 205, активни 176
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 161, активни 93
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 17, активни 9
•       Крива Паланка 17, активни 11
•       Радовиш 4,
•       Крушево 7, активни 3
•       Кочани 75, активни 22
•       Пробиштип 29, активни 18
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 6, активни 4
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 3,
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 47, активни 42
•       Кичево 48, активни 39
•       Ресен 122, активни 85
•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Клиника „Жан Митрев“ -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест пациенти, а вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе