Потврдено: Папата Бенедикт бил под истрага како соучесник во сексуална злоупотреба

Геманските обвинители го истражувале починатиот папа Бенедикт Шеснаесетти како можен соучесник во сексуална злоупотреба додека тој беше надбискуп во јужна Германија, но истрагата била отфрлена поради недостиг на докази, соопштија во вторникот обвинителите во Минхен.

Истрагата опфатила тројца високи католички свештеници, велат истражителите. Меѓу нив се покојниот папа Бенедикт, кој како кардинал Џозеф Рацингер беше надбискуп на Минхен и Фрајзинг од 1977 до 1982 година, како и неговиот наследник, кардиналот Фридрих Ветер, а потоа и генералниот викар Герхард Грубер, кој извршуваше административни должности во надбискупијата.

Случаите еден по друг беа отфрлени откако истрагите не обезбедија соодветни докази за криминално однесување од страна на одговорните за црковниот персонал, рекоа обвинителите. Тие истражувале повеќе од 40 случаи на сомнителни кривични дела поврзани со извештајот за злоупотреба, објавен во јануари 2022 година.

Просториите во архиепископијата беа претресени во февруари минатата година. Починатиот папа Бенедикт беше на удар на критики затоа што не постапил доволно решително против свештениците обвинети за злоупотреба додека бил надбискуп и префект на Конгрегацијата за доктрина на верата помеѓу 1981 и 2005 година.

За папа беше избран во април 2005 година и поднесе оставка во февруари 2013. Почина во декември 2022 година на 95-годишна возраст. Во извештајот за сексуална злоупотреба во Архиепископијата Минхен и Фрајзинг, објавен на почетокот на 2022 година, се наведува дека меѓу 1945 и 2019 година имало најмалку 497 жртви и 235 наводни сторители на злоупотреба.

Во Германија неодамна се повеќе католички верници ја напуштаат црквата, што се смета дека е резултат на извештаите за прикривање на сексуална злоупотреба на деца и млади луѓе.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Свет

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Read more

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Read more

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Read more

Њујорк забрани дискриминација врз основа на дебелина

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе