Потврдено: Роберт Дауни Џуниор се враќа во Marvel

Тазе оскаровецот и еден од најуспешните актери на денешницата, Роберт Дауни Џуниор, се враќа во филмската франшиза која му донесе светска слава.

Популарниот актер ќе го игра легендарниот негативец на Marvel Виктор фон Доум, попознат како Доктор Дум, кој ќе се појави во новиот филм од серијалот Avengers, со наслов Avengers: Doomsday.

Филмот ќе биде во режија на браќата Џо и Ентони Русо, кои исто така го означуваат нивното враќање во филмскиот универзум на Marvel (MCU). Браќата Русо ќе работат и на Avengers: Secret Wars.

Avengers: Doomsday ќе има премиера во мај 2026 година, а Secret Wars во мај 2027 година.

„Нова маска, иста задача. Што ви реков? Обожавам да играм комплексни ликови", рече Дауни Џуниор на сцената на популарната конвенција San Diego Comic Con, откако браќата Русо го најавија неговото враќање.

Фановите поделени

Веста за враќањето на Дауни ги одушеви и шокираше фановите кои мислеа дека тој ќе се врати во улогата на Ајрон Мен.

Дауни Џуниор го глумеше популарниот суперхерој во десет филмови на Marvel, а последниот филм во кој се појави беше Avengers: Endgame, во кој Ајрон Мен се жртвува за да го спаси светот од негативецот Танос.

„Ова е најголемиот кам-бек во историјата на современиот филм?!“, напиша еден корисник на Instagram.

„Леле, не очекував да ја слушнам оваа вест денес“, додаде друг.

„Одлично, ми недостигаше“, додаде трет.

И покрај позитивните реакции, некои фанови на Marvel се скептични за враќањето на Дауни и тврдат дека на Marvel му дошол крајот.

„Marvel пропаѓа толку лошо што треба да го вратат РДЏ“, напиша еден разочаран обожавател, додека друг додаде: „Дали Холивуд остана без актери?“

„Ова нема никаква смисла“, додаде трет.

реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Ариел Винтер откри дека била злоставувана: Филмската индустрија е темно место

Read more

По 14 години се гаси Al Jazeera Balkans

Read more

Кои актери се придружуваат на екипата за The Devil Wears Prada 2?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џастин Бибер објави нов албум

Читај повеќе

Рики Мартин збеснал кога водителот го терал да признае дека е геј

Читај повеќе

Ариел Винтер откри дека била злоставувана: Филмската индустрија е темно место

Читај повеќе

По 14 години се гаси Al Jazeera Balkans

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес Русинките кои ја потресоа светската музичка сцена пеејќи за лезбејската љубов?

Читај повеќе

Кои актери се придружуваат на екипата за The Devil Wears Prada 2?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Мајкл Даглас се повлекува од глумата: Не сакам да бидам еден од оние што умираат на снимање

Читај повеќе