Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното Море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН).

Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно.

Студијата е направена со комбинирање податоци од различни истражувања и со употреба на методологија за отисоци од морски пластичен материјал, а утврдено е дека пластиката стигнува до Средоземното Море од 33 земји.

Директорката на ИУЦН за морски и поларни програми, Мина Епс, рече дека пластиката може да предизвика долгорочно оштетување на копнените и морските екосистеми и биодиверзитетот.

Според неа, морските животни можат да се заплеткаат или да голтаат пластичен отпад и на крајот да угинат од исцрпеност и глад.

Според извештајот, Египет (околу 74.000 тони годишно), Италија (34.000 тони) и Турција (24.000) испуштаат најмногу пластика во Средоземното Море, главно поради големите количини на лошо управуван отпад и големото крајбрежно население.

Сите земји од Европа, Азија и Африка кои излегуваат на Медитеранот
Тагови
реклама

Свет

Лукашенко: Се закануваат дека ќе нè уништат

Read more

Организаторот на геј секс-оргијата во Брисел вели дека не го познава унгарскиот европратеник

Read more

Сè уште гори најголемиот песочен остров во светот

Read more

Авганистанските воени хеликоптери гаѓале талибанци, усмртиле и раниле деца

Read more

Вести

Со Албанија ќе се заштитува рибниот фонд во Охридското и Преспанското Езеро

Читај повеќе

Лукашенко: Се закануваат дека ќе нè уништат

Читај повеќе

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени по Рихтер

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во близина на Скопје

Читај повеќе

Бојан Јовановски – Боки 13 отстранет од судница

Читај повеќе

ИЈЗ: За 9,9 отсто намален бројот на нови случаи со COVID-19

Читај повеќе

Скопските градоначалници се здружија во борба против загадувањето

Читај повеќе

Бучковски: Немаме друга мисија, ова мора сега да го решиме

Читај повеќе

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваат 452

Читај повеќе