Повеќе од 40.000 луѓе го следеа разговорот помеѓу Надал и Федерер на Instagram

Над 40.000 луѓе го следеа разговорот на Instagram меѓу двајцата најпопуларни светски тенисери, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

За време на разговорот, Шпанецот изјави дека тој има само кондициски тренинзи дома и дека не излегол на теренот од почетокот на март, откако се подготвувал за турнирот во Индијана Велс, кој беше откажан заради коронавирусот.

– Совршено! Значи, нема да можеш да играте тенис кога ќе се вратиш, рече Федерер со насмевка. „Па, се надевам дека не сум заборавил како се удира топката“, му врати Надал.

Федерер, исто така, зборуваше за неговите карантински активности, откако беше подложен на операција на десното колено во февруари.

– Мои тренинзи? Ја удирам помалку топката во ѕидот, се опоравувам од операцијата на коленото. Тоа ми е веќе добро. Првите шест недели не беа лесни, но јас сум во ред. Сепак, ова е моја втора операција и имав идеја што да очекувам. Се надевам дека нема да имам трета, барем до крајот на мојата спортска кариера. Ако има нешто позитивно сега е дека имам многу време, нема каде да брзам, рече Швајцарецот кој има освоено рекордни 20 Гренд-слем титули.

Тој го праша Надал зошто игра со лева рака откако ја користи десната рака за сè друго.

– Јас правам сè друго со десната рака, освен тенисот и фудбалот. Едноставно не можам да играм со десната. На почетокот започнав со тренинзи со двете, но сега веќе не можам да играм со десната, објасни Шпанецот, кој има 19 трофеи од „големата четворка“.

Двајцата зборуваа и за состојбата во нивните матични земји.

Надал објасни дека на почетокот на карантинот се чувствувал депресивен, но веќе настојувал да погледне попозитивно на нештата.

Тој рече дека помага во обезбедување храна и хигиенски производи на сиромашните семејства во Палма де Мајорка, а 85 млади играчи, тренери и персонал за поддршка живеат во изолација на академијата Манакор.

Во разговорот меѓу двајцата се вклучи и британскиот тенисер Енди Мареј, кој не пропушти да се пошегува со Надал во коментарите, откако Шпанецот имаше проблеми со вклучувањето на Федерер во разговорот.

– Брилијантно. Може да победи 52 пати на Ролан Гарос, но не може да се справи со Instagram, коментираше Мареј, осврнувајќи се на рекордните 12 титули на Шпанецот на турнирот во Париз.

Двајцата зборуваа и за нивните животи во изолација, при што Мареј рече дека тој често игра видео игри.

– Синоќа играв со тебе против Роџер на земја. Јас не сум вклучен и не можам да се бирам себеси и затоа те одбрав тебе. Твојот лик играше неверојатно, но по првиот сет, тој изгледаше крајно уморен. Си помислив дека тоа е нешто што сум го видел кај тебе во вистински тенис. Ако требаше да изберам некој друг, веројатно ќе беше Ник Кириос, рече Мареј.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе