Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата

Група големи глобални компании денеска ги повикаа владите ширум светот итно да усвојат мерки за запирање на забрзаното уништување на природата и климатските промени и со тоа да се постават рамки за нивната „позелена“ деловна активност.

Повеќе од 560 компании, вклучувајќи ги Walmart, Citigroup, Microsoft, IKEA, Unilever и Aha! потпишаа заедничко соопштение со кое повикуваат на преземање конкретни мерки во следните десет години.

Британскиите медиуми појаснуваат дека нивните приходи заедно надминуваат 4.000 милијарди долари.

Компаниите во соопштението велат дека многу од нив веќе преземаат чекори да го направат својот бизнис „позелен“ и владите треба да создадат мерки што ќе им овозможат да сторат уште повеќе.

„Здравите општества, еластичните економии и успешните компании се базираат на природата. Владите не смеат да се двоумат ни за момент, туку мора веднаш да усвојат мерки за промена на трендот на уништување на природата во оваа деценија“, се наведува во соопштението на компаниите.

Апелот е упатен во пресрет на самитот на Обединетите нации за биодиверзитет, на кој на 30 септември во Њујорк треба да се подготви теренот за нов глобален пакт за заштита на природата од заканите, како што се страшните пожари во Амазон и Калифорнија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе