Бројот на заразени со COVID-19 во светот се искачи над 95 милиони, а од последици од болеста починаа 2.034.623 луѓе, додека оздравени се приближно 68 милиони.
Според податоци на Worldometer, од почетокот на пандемијата до денеска со COVID-19 во светот инфицирани се 95.168.543 луѓе, а оздравени 67.937.306 лица.
Најпогодени од пандемијата се САД, каде се регистрани над 24,3 милиони пациенти и повеќе од 405.000 смртни случаи.
По бројот на смртни случаи на второ место е Бразил, каде од последици од COVID-19 починале 209.350 луѓе, а вкупно заразени се над 8,4 милиони лица. Потоа следи Индија со над 10,5 милиони инфицирани луѓе и над 152.000 смртни случаи.