Повеќе спортисти загинаа во земјотресот, фудбалерот Атсу сè уште заробен под урнатините

Повеќе турски спортски екипи претрпеа човечки загуби во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија каде бројот на загинати драматично расте и се искачи на повеќе од 11.000 луѓе, јави денеска агенцијата Анадолија.

Кристијан Атсу во дресот на Гана

Од редовите на турските фудбалски прволигаши Атакаш Хатајспор и Газијантеп, како и од второлигашот Малатијаспор, има загинати и исчезнати.

Иако дел од турските медиуми објавија вчера дека спасувачките екипи жив го извлекле фудбалерот на Хатајспор, Ганецот Кристијан Атсу, неговиот тренер Волкан Демирел денеска ја демантираше информацијата. Потврдено е дека клупскиот директор Танер Савут е затрупан под урнатините речиси 60 часа од земјотресот што во понеделникот наутро го погоди југоистокот на Турција и северот на Сирија.

Атсу и Савит биле сместени на деветти кат во зграда во градот Антакија со уште неколку други луѓе.

„Сѐ уште нема вести за Атсу и Савут. Зарем не би споделил со вас информација дека се пронајдени? Ве молам да не објавувате дека некој преживеал додека не добиете потврда. Луѓето имаат семејства, патат, а болката се зголемува. Спасувачите работат ден и ноќ. Се надевам дека двајцата ќе бидат пронајдени“, им рече Демирел на турските новинари.

Екипите на Хатајспор и Газиантеп се евакуирани од погоденото подрачје.

Голманот на Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан, загина во земјотресот.

Играчот на Кахраманмараш Истиклал Спор, Хакан Доан, кој се натпреварува во пониските фудбалски дивизии, исто така, е меѓу загинатите, негов соиграч сè уште е заробен под урнатините, додека трет е пренесен на интензивна нега.

Турската одбојкарка од клубот Газијантеп, Бетул Чобан Чакр, како и нејзиниот сопруг Бедретин Чакр, исто така, се меѓу загинатите, како и уште еден одбојкар од турски нисколигаш.

Француски, косовски и узбекистански борачи, кои настапуваа на турнир во Кахраманмараш, се евакуирани на безбедно, но се верува дека неколкумина турски борачи се заробени под градските урнатини.

Турската кошаркарска репрезентативка Нилај Ајдоган сè уште е заробена под урнатините во провинцијата Малатија.

Телевизијата НТВ јави дека 15 спортисти - 11 одбојкарки, кои настапуваат во втората лига и 5 фудбалери со инвалидитет - се заробени под урнатините на хотел во провинцијата Малатија.

Во акција за собирање средства за спасување, турскиот фудбалер од редовите на Аталанта, Мерих Демирал, објави на аукција потпишан дрес од Кристијано Роналдо. Највисоката понуда изнесуваше над 14.000 евра во средата.

„Целиот приход од аукцијата ќе биде искористен во погодената зона“, објави Демирал.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе