Чек дис аут

Повеќето луѓе носат слушалки за да не мора да зборуваат со другите луѓе

15. јули 2019 - 11:06 | А.С.

Добрите слушалки ќе ви помогнат да се изолирате од бучавата околу вас или да го добиете најквалитетниот можен звук кога ја слушате омилената музика.

Сепак, најновите истражувања покажаа дека во најголемиот број случаи, носењето слушалки стана „универзален знак“ за „не вознемирувај“, односно, дека луѓето носат слушалки за да не мора да зборуваат со луѓето околу нив.

Ако имаат ставено слушалки, помала е веројатноста дека некој ќе ги застане на улица, ќе ги праша нешто во супермаркет или во јавен превоз и најчесто – на работа.

Според едно најново истражување спроведено во Германија, одбегнувањето да зборуваат со други луѓе е главната причина зошто луѓето ставаат слушалки, иако понекогаш воопшто не слушаат ништо на нив.

На второ место е одбегнувањето на бучавата на работно место, а 23% рекле дека ги носат како моден додаток.

Коментирај