Повисоки плати и месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo

Линеарно зголемување на платите и воведување месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo маркетите се мерките што ги презема менаџментот на компанијата со цел да го подобри животниот стандард на своите вработени. Грижата за вработените и обезбедувањето најповолни услови за работа останува приоритет на менаџерскиот тим на Веро, особено во овој период кога земјата се соочува со зголемена инфлација и пораст на трошоците за живот.

Со исплатата на февруарската плата, околу 1.000 вработени во Веро и Jumbo маркетите ќе добијат зголемени нето-плати до 3.000 денари. Ова е втор поголем финансиски надомест за вработените во компанијата за четири месеци, откако во ноември менаџментот донесе одлука да им исплаќа месечен бонус од 2.000 денари. Исплаќањето на овој месечен бонус за вработените се воведе како редовна практика со цел компанијата дополнително да ги мотивира сите вработени и континуирано да го наградува трудот на најпосветените работници. Зголемувањето на платите и исплатата на месечните бонуси за само четири месеци значително ги придвижува нагоре месечните примања на вработените.

Од менаџерскиот тим на Веро истакнуваат дека како работодавец компанијата секогаш наоѓа соодветен начин да им обезбеди бенефиции на своите вработени, дури и во кризни периоди.

– Веро е на македонскиот пазар 25 години, период во кој константно инвестираме во маркетите, услугите и во нашите вработени. Покрај во нивниот финансиски бенефит, вложуваме и во едукација и развој на тимот вработени со што креираме одлична клима за градење професионална кариера и личен развој. Грижата за вработените и нивната финансиска стабилност се наш приоритет бидејќи на тој начин обезбедуваме стабилност и просперитет на околу 1.000 семејства во земјава, вели Петар Денковски, генерален менаџер на Веро.

Зголемувањето на платите и воведувањето на други финансиски бенефиции за вработените доаѓа во период кога Веро интензивно инвестира во отворање нови маркети. Во моментов во тек се градежни активности за отворање нов Веро и Jumbo маркет во Куманово, како и на уште еден маркет во Скопје во рамки на новиот трговски центар Дајмонд кој наскоро треба да се отвори.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Промо

Македонски Телеком прославува 100 000 корисници на оптика

Read more

Виталиа потпиша меморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет: Размена на знаења за подобро утре

Read more

Graduate програмата на Дамила е одлично место за почеток на вашата кариера

Read more

Централната зграда на Шпаркасе Банка во Охрид станува енергетски ефикасна

Read more
 

Ново

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе