Повредата на Кутињо ѝ заштеди на Барса 20 милиони евра

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо нема да може да игра до крајот на сезоната поради повреда, а со тоа Барселона ќе заштеди дури 20 милиони евра.

 

Кутињо се повреди и затоа нема да може да ја достигне бројката од 100 натпревари во дресот на каталонскиот клуб, а доколку се случеше тоа, Барса ќе мораше да му плати 20 милиони евра на Ливерпул. Тоа е бонусот што е дел од договорот меѓу двата клуба.

Бразилецот нема одиграно натпревар од декември, а оваа сезона има само 14 настапи, или вкупно 90 од потписот за Барса.

Каталонскиот клуб му плати на Ливерпул 120 милиони евра во 2018 година, плус дополнителни 40 милиони бонуси од кои „црвените“ веќе добија 15 милиони.

URL

Пандемијата на коронавирус ѝ зададе тежок удар на Барселона, која летово мора да собере пари за да си ги среди сметките, па затоа се спомнува и заминување на Кутињо од клубот.

Каталонците се надеваат дека Кутињо ќе блесне на Копа Америка во јуни, со што ќе привлече заинтересирани клубови.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе