Фудбал

Повредата не е сериозна, Нејмар ќе игра против Црвена Ѕвезда

6. декември 2018 - 15:31 | А.С.

Навивачите на Црвена Ѕвезда се надеваа дека ПСЖ ќе дојдат ослабени во Белград, без главната ѕвезда Нејмар, откако Бразилецот нагло излезе од игра во Стразбур.

Но, Нејмар ќе биде подготвен за дуелот во вторник од последното коло  од групната фаза на Лигата на шампиони.

„Повредата не е сериозна. Нејмар почнува со тренинзи во петок“, изјави тренерот на ПСЖ Томас Тухел по ремито во Стразбур (1:1).

На Нејмар му оди во прилог што ПСЖ нема да играат викендов, откако дербито со Монпелје беше откажано поради немирите во Париз.

Бразилецот беше исклучително мотивиран на дуелот со црвено-белите во Париз и беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим од 6:1, па затоа веста за неговото доаѓање ги загрижува навивачите на белградскиот клуб.

На ПСЖ во Белград му треба победа за сигурен пласман во осмина финалето.

Наполи моментално има 9 бодови, ПСЖ 8, Ливерпул 6, а Црвена ѕвезда 4.

Коментирај