Полициски службеник е повреден во сообраќајка што се случила синоќа околу 19:55 часот на регионален пат во населба Лагадин, Охрид.
Од МВР информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.
– Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, појаснуваат во соопштението денеска од МВР.