Педесет и осумгодишен работник се повредил во фабрика во Гостивар. Според информациите на МВР, несреќата се случила ноќеска околу 1 часот.
„Утринава во 1:20 часот во полициска станица Гостивар пријавено е од Медицински центар Гостивар дека кај нив е донесен Н.С.(58) од Гостивар, кој се здобил тешки телесни повреди истиот ден околу 1 часот во фабриката ‘Вардар доломит’ во Гостивар, во моментот кога сакал да изврши промена на филтерот на една од пумпите за гориво. При отворање на капакот дошло до прскање мазут, кој бил со висока температура. Мазутот го испрскал Н.С. во пределот на вратот и лицето нанесувајќи му изгореници“, велат од полицијата.
По укажана лекарска помош, констатирани му се изгореници од втор и трет степен, по што повредениот е препратен во Клинички центар Скопје.