Хроника

Повредени четворица работници при несреќа во фабриката „Макстил“

16. ноември 2019 - 14:04 | МИА

Скопје, 16 ноември 2019 (МИА) – Четворица работници се повредени во несреќа што се случила изутрина околу седум часот во фабриката „Макстил“.

Според првичните информации, пренесени во дел од медиумите,  работниците се здобиле со изгореници, откако ливна јама од 100 тони, полна со стопен метал се откачила и паднала, а стопениот метал се разлеал и тоа предизвикало пожар.

Повредените работници се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Надлежните институции за подоцна најавуваат детални информации за несреќата.

Коментирај