Површината на Марс е смртоносна за сите живи суштества?

Научници од Универзитетот во Единбург откриле дека атмосферските прилики какви што преовладуваат на површината на Марс, доведуваат до создавање на силни бактерицидни соединенија.

Тие ја истражувале можноста за постоење на живот на површината на Марс, поради што во лабораторија направила идентична смеса од елементи какви што се наоѓаат на Марс.

Во тие соединенија додале и Bacillus subtilis, бактерија која често може да се најде во почвата на Земјата, за на крајот целото тоа да го озрачат со силно ултравиолетово светло.

Изборот паднал токму на Bacillus subtilis, меѓу другото, и поради тоа што таа често може да се најде и на површината на леталата кои луѓето ги лансираат во вселената.

Силното УВ зрачење било користено поради тоа што токму таквото зрачење, практично без отпор, поминува низ атмосферата во Марс, бидејќи оваа планета нема никаков озонски слој кој може да ги спречи УВ зраците.

Се покажало дека бактериите под влијание на УВ зраците, во комбинација со магнезиум перхлорат, умираат два пати побргу отколку само под влијание на УВ зрачењето.

Перхлоратите содржат многу јаки оксиданси. Во такви услови се создаваат и кога во составот на почвата се наоѓа и оксид од железо и водороден пероксид.

Во комбинација на сите тие елементи на површината на Марс, со дополнителното УВ зрачење, се покажало дека бактериите умираат дури и 10 пати побргу отколку само под влијание на перхлорат.

Целото ова доведува до заклучок дека на живот на површината на Марс не може да се смета, бидејќи почвата е апсолутно отровна за живите клетки.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе