Површината на Монако се зголеми за 3%: Мегапроект од 2 милијарди евра

Познато како даночен рај и место за собирање на богатите, Монако има 39.000 жители. Според проценката на американската компанија Knight Frank, на секои 10 жители има 7 милионери. Сето ова на површина помала од „Сентрал парк“ во Њујорк.

Сепак, површината на втората најмала земја во светот се зголеми за 3%. Имено, на Средоземното Море е изграден нов дел од Монако, наречен „еко-кварт“ Маретера (Mareterra), со што површината на земјата се зголеми за речиси 15 хектари. Принцот Алберт II го отвори денеска, а станува збор за луксузен комплекс вреден 2 милијарди евра, кој има марина, шеталиште и луксузни станбени згради.

Проектот беше претставен во 2013 година, а неговата реализација значеше сушење на просторот, односно нанесување на 750.000 тони песок на местото каде што имаше вода. Речиси половина од вештачки создаденото земјиште ќе биде достапно за јавноста, кое вклучува парк, велосипедски патеки, марина и продавници. Беа засадени и 1.000 дрвја донесени од италиајнскиот регион Тоскана.

Комплексот од приватни резиденции е составен од повеќе од 100 апартмани и 10 луксузни вили. Неколку врвни архитекти, вклучувајќи ги Норман Фостер и Тадао Андо, имаа задача да ги дизајнираат зградите на Маретера. Покрај тоа, италијанскиот архитект Ренцо Пјано, најпознат по галеријата „Сентр Помпиду“ во Париз, дизајнираше една од зградите, која го доби името Le Renzo (Ле Ренцо).

Зградата Ле Ренцо

Иако цените на станбените имоти не се објавени, Knight Frank проценува дека цените ќе бидат 100.000 евра по квадратен метар, што е речиси двојно повеќе од просекот во Монако. Изградбата е финансирана со приватни средства, но корист ќе имаат властите во Монако бидејќи данокот на продадениот имот е 20%. Реализацијата на овој проект значеше и проширување на конференцискиот центар „Грималди Форум“.

Земјиштето е оскудно во Монако, кој има долга историја на градење покрај море и на море. Вештачки создаденото земјиште формира повеќе од четвртина од копното. Најзначајните проекти за проширување на земјиштето, односно проекти за мелиорација, се реализирани во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а меѓу овие проекти се Ларвото (Larvotto) и Фонвјеј (Fontvieille).

Новата населба Маретера од птичја перспектива

Претходните процеси на мелиорација предизвикаа незадоволство кај еколозите, кои се загрижени за влијанието на мелиорацијата врз морскиот свет во Монако, кој вклучува 60 видови корали. Новата планирана мелиорација беше напуштена во 2009 година, делумно поради загриженоста на самиот принц Алберт II, кој е познат по неговата посветеност на заштитата на биодиверзитетот на океаните.

Мелиорацијата во Монако сега е строго контролирана. Дизајнерите на Маретера уверуваат дека се консултирале со експерти и создале нови живеалишта за рибите пред реализацијата на самиот проект. Покрај тоа, тие тврдат дека 80% од греењето и ладењето ќе биде од обновливи извори на енергија, вклучително и енергија од соларна централа на 1,2 хектари, пишува CNN.

Remote video URL

Маретера е десетта населба во Монако по Ла Рус, Ларвото, Монте-Карло, Ле Монегети, Жардин Егзотик, Фонвјеј, Монако-Вил, Ла Кондамин и Сен Девот.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Архитектура

Полска го гради најголемиот транспортен центар во Европа

Read more

Како Грција почнува да гради свој Дубаи?

Read more

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Read more

Азиски мултимилијардер ќе ги реновира Титовите Хаваи кај Дубровник

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе