Повторно активен пожарот кај Трескавец

„Сè уште е активен пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село. Во правец на село Забрчани гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ-Прилеп и месно население“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот кај местото викано Фрлогоец на Бистра Планина е се уште активен. Гори сува трева и смрека и ниско стеблеста деградирана дабова шума. На терен се наоѓа екипа на Шумското стопанство„Лопушник“ заради преземање одредени мерки за негово локализирање.

Од ЦУК посочуваат дека се уште се активни и пожарот во атарот на селата Растеш, Заград и Волче, каде гори дабова шума, смрека и висока сува трева. Во атарот на село Растеш во моментов се ангажирани лица од месното население, Шумското стопанство и лица од општина Македонски Брод.

„Пожарот во атарот на село Грешница во моментов е под контрола и обиколен со заштитен појас. Во средината гори деградирана нискостеблеста шума, смрека. На пожарот во атарот на село Грешница ангажирани се лица од Шумското стопанство Македонски Брод. Појавен е шумски пожар во планинскиот дел близу село Богојци кон правецот на село Татеши. Пожарот е активен и зафатена е нискостеблеста и дабова шума. На негово гаснење дејствуваат екипи на ТППЕ-Струга и ЈСШП Јабланица – Струга“, соопшти ЦУК.

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден од подрачјето на општина Прилеп навлезе на подрачјето на општина Чашка во атарот на селата Смиловци и Попадија, во делот на село Смиловци е изгасен. Во текот на денешниот вработени во Шумското стопанство Бабуна гасат во атарот на село Попадија. Опожарената површина е со сува трева и нискостеблеста шума.

Пожарот во атарот на село Галиште е активен. Исто така, пожарот во месноста Мушов Гроб е активен во карпест и непристапен реон. За негово гасење во текот на денот ангажирани се вработени на ШСумското стопанство Бор Кавадарци.

„Пожарот кај Гумалево (Дејковец), кој се протега над селото Дејковец кон село Гумалево е активен. Екипите и во текот на денешниот ден продолжуваат со активностите за негово гасење. Пожарот помеѓу селата Никиштани и Грачани е активен, каде гори мешана шума. Во гасењето на пожарот учествуваше и БППЗ на град Скопје“, прецизираат од ЦУК.

Пожарот во близина на село Крушевица е се уште активен во високиот непристапен терен, каде е зафатена деградирана шума. Ангажирани се лица од ЈП „Црн Бор„-Прилеп и лица од месното население.

Пожарот кај село Никодин се уште е активен во уредена шума, во правец на село Фариш. Во гасењето ангажирани се вработени од ЈП МШ „Црн Бор“ - Прилеп.

„Пожарот во село Гургурница, општина Брвеница, по вчерашните интервенции од страна на вработени во ЈП Македонски шуми, ДЗС Тетово, мештаните и 5-6 пати од воздух, е под контрола. Се работи на гаснење на сува трева и нискостеблести жбунести растенија. Вработените во ДЗС, Македонски шуми и мештаните, цела ноќ се на терен и го следат и контролираат огнот“, порачуваат од ЦУК.

Пожарот во село Корито, општина Гостивар, каде е зафатена сува трева и нискостеблести жбунести растенија, е под контрола и будно се следи опожареното место, но не е целосно угаснат. Направен е појас околу огнот, за да не се шири.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе