Свет

Повторно илјадници демонстранти на улиците на Хонгконг

20. октомври 2019 - 11:03 | МИА/КАЈГАНА

Повеќе илјади демонстранти, од кои поголемиот број носеа маски и покрај неодамна воведената забрана за покривање на лицата за време на јавните собири, повторно излегоа на улиците на Хонг Конг, иако полицијата забрани протести.

Демонстрантите носеа транспаренти „Ослободете го Хонгконг“, а на еден ѕид осамна графит „Подобро мртов отколку црвен“.

Полицијата го прогласи маршот во округот Каулун за нелегален, што значи дека учесниците во протестот можат да бидат уапсени.

Во округот Каулун изминатите недели се случија најголемите судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

 

Демонстрантите се лути на лидерката на Хонгконг, Кери Лам поради нејзиниот неуспех да ги заштити нивните слободи од централните власти во Пекинг, поради воведувања на овластувања од времето на колонијализмот, како и поради употреба на прекумерна сила од страна на полицијата.

Коментирај