Повторно има заразени во Дебар, причината е непочитување на мерките

Дебар, 12 јуни 2020 (МИА) – Епидемиолошката состојба, како на ниво на држава, така и во нашата општина, според официјалните бројки не е добра, бидејќи бројот на новозаразени постојано расте. Од вкупно новозаразените на ниво на држава во последното деноноќие, три лица се од Дебар, оцени денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

– Поради непочитување на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со COVID-19, рече Дука.

Додаде дека трите позитивни случаи се од земените осум брисеви во понеделникот, додека за сеумте брисеви земени во вторникот уште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од вчерашниот скрининг на вработените во детската градинка, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Дука апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат превентивните мерки.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на регистрирани заразени во Дебар се зголеми на 56. Од нив, две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе