Повторно одложена премиерата на филмот „Wonder Woman 1984“
Студиото Warner Bros повторно ја одложи премиерата на „Wonder Woman 1984“, кој требаше да биде прикажан на 2 октомври.
Премиерата на филмот е закажана за 25 декември. Во главната улога повторно ќе ја видиме Гал Гадот, нашата веќе позната хероина Дијана, која се соочува со нејзината најопасна соперничка досега – Чита (Кристен Виг) – суперѕвезда археолог која исто така е хибрид меѓу човек и гепард.
Во приказната се враќаат и Крис Пајн и Робин Рајт.