Филм & ТВ

Повторно одложено петтото продолжение на франшизата за Индијана Џонс

12. јули 2018 - 14:51 | М.Д.

Враќањето на Харисон Форд, во улогата на истражувачот и авантурист Индијана Џонс, на големите екрани одложенo е до 2021 година, објави компанијата Walt Disney во вторникот, две години откако петтиот дел на оваа филмска франшиза, првобитно требаше да се најде во кино салите.

Филмот првобитно требаше да започне да се прикажува од 2019 година, но подоцна беше преместен за јули 2020 година.

Новото одложување доаѓа после минатонеделниот извештај, во кој стои дека сценариото не е завршено и дека е доведен нов сценарист, за да го приведе до крај.

Харисон Форд и режисерот Стивен Спилберг, повторно заедно ќе работат на филм, со тоа што Форд ќе има 79 години кога филмот ќе започне да се прикажува во кино салите, што се доста години за еден актер, од кој се очекува да изведува акциони сцени.

Петтото продолжение околу приказната за Индијана Џонс, филмската франшиза на Џорџ Лукас, ќе биде првото продолжение снимено во сопственост на компанијата Disney.

Франшизата „Indiana Jones“ со четири продолженија досега, заработи речиси две милијарди долари и стекна бројни обожаватели ширум светот.

Коментирај