Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Министерството за транспорт и врски повторно го поништи јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании објавен на 13 септември годинава. 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на прес-конференција во Владата, информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од Визер, но таа не одговара со условите и критериумите во тендерот.

Авиокомпанијата Визер доставила понуда во која сите четири дестинации од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, планира да ги воведе во август 2019 година што е спротивно на еден од критериумите во тендерот.

„Во повикот јасно стои дека авиокомпанијата има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот. Авиокомпанијата Визер понудила сите четири дестинации да ги воведе во август 2019 година. Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака овој јавен повик да се поништи. Оваа фактичка состојба не ми остава никаква друга можност освен доследно почитувајќи ја  уредбата и јавниот повик повторно да ја поништам и оваа постапка“, нагласи Сугарески. 

Тој додаде дека Владата останува доследна на мерката за финансиска поддршка за авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани и оти средствата за субвенционирање се веќе предвидени во буџетите.

Министерот информира дека по итна постапка ќе достави до Владата информација со која во најкраток рок ќе се усвои неопходната уредба и веднаш потоа Министерството за транспорт и врски ќе објави нов јавен повик.

„Критериумите и условите нема да ги менуваме, тие ќе бидат исти како и на претходниот јавен повик“, истакна Сугарески.  

Тој нагласи дека нема никаква тенденција во поништувањето на тендерот и ги отфрли шпекулациите дека тендерот се мести за Air Albania.

Досега се објавени два јавни повика и двата беа поништени. На двата повика понуда достави само компанијата Визер.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе