Повторно протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со COVID-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош. Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Нема никаква логика, како што велат, да остане протоколот за патување со автобуси затоа што со почитување на безбедносните мерки може да се организира патување.

– Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50 проценти на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување. Поставуваме ултиматум, најдоцна до 15 август да дојде до измена на оваа нелогична одлука за превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на нашиот сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците, стои во соопштението од секторт туризам.

Им била ветувана помош по завршување на изборите, но, посочуваат, сега се чека да се формира Влада и така во недоглед. Реагираат на изјавата на министерот за здравство во заминување Венко Филипче кој препорачува да не се патува и посочуваат дека во таков случај државата треба да им помогне.

-Како сектор кој сѐ уште е најзагрозен поради пандемијата, наведуваат, направивме секакви напори за да допреме до совеста и човечноста на државата, но како и пред изборите кога имаше ветувања дека веднаш ќе се преземат дејствија по нивното завршување, сега чекаме Владата да се формира и така до недоглед. Како тоа да не е доволно, министерот Венко Филипче дополнително ни ја отежна работата, која и онака е речиси непостоечка, со изјавата: Препорачувам воопшто да не се патува, граѓаните да седат дома и пожелно е границите да не се отворат. Најостро ја осудуваме оваа негова изјава и сметаме дека не само што не ни помагаат, туку дополнително ни ја отежнуваат работата. Агенциите бидејќи немаат никаква финансиска поддршка, оставени сами на себе, се обидуваат и со најмалите расположливи услови да направат каква било продажба. Доколку министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна!, стои во соопштението од туристичкиот сектор.

Туристичките работници организираа мирен протест во центарот на Скопје на 29-ти минатиот месец. Повторно побараа помош и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа тогаш, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за вработување.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе