Македонија

Повторно се отстрануваше урбана опрема од Охридската чаршија

15. октомври 2019 - 15:37 |

Охрид, 15 септември 2019 (МИА) – Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заедно со општински инспектори денеска спроведуваа активности за отстранување на нелегално поставена урбана опрема пред угостителски објекти во Oхридската чаршија.

Активностите се спроведени откако претходно инспекциските контроли утврдиле дека угостителите поставувале маси, столови и друга урбана опрема без одобрение, надвор од Програмата за поставување урбана опрема.

И претходно инспекциските служби беа активни во тој дел од чаршијата, отстранувајќи урбана опрема и обележувајќи го просторот каде може да се поставуваат столици и маси, но дел од угостителите повторно го узурпираа шеталиштето.

Од општинскиот инспекторат најавуваат дека слични акции ќе има и наредниот период, со цел воведување ред во начинот на поставување урбана опрема во центарот на градот.

Коментирај