Наука

Поздрав од Марс: Фасцинантна снимка од 360 степени

12. февруари 2019 - 12:31 | Б.С.Б.

Роверот Curiosity на Марс направи неверојатна снимка од Црвената планета, во 360 степени. Снимката е направена на 19 декември.

Истражувањето на Црвената планета би можело да ѝ помогне на НАСА да дознае повеќе за нејзиното минато. Според Абигејл Фриман, која работи на проектот, досега имало многу изненадувања поврзани со планетата.

„Од гребенот си заминуваме со поинаква перспектива од претходно. Во внатрешните делови роверот откри хематит, минерал богат со железо, кој често се создава во вода“, вели Абигејл.

Според неа, тоа укажува дека со текот на времето подземните води поинаку делувале на одредени делови на гребенот од останатите.

Роверот сега ќе го истражува делот за кој се знае дека има минерална глина.

Коментирај