Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, објави РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.

Д-р Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави дека добиле повик од пожарникари за избувнување на пожар во дом за стари лица во Велики Борак.

Таа наведе дека четири повредени лица се пренесени на токсиколошкото одделение на ВМА, додека на две лица им е укажана помош во Ургентниот центар. На интервенција се упатени четири екипи од Итната медицинска помош, уште две дополнителни екипи од Лазаревац и една од Бараево.

Вршителот на должноста помошник-министер и раководител на Секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, за РТС изјави дека се претпоставува дека во моментот на пожарот во објектот имало 30 корисници. Како што наведе, Брзата помош згрижила 7 повредени и ги пренела во ВМА и Ургентниот центар.

 

Според него, по пријава во 3 часот и 32 минути, единиците на Секторот за вонредни ситуации веднаш биле испратени на местото на настанот, каде што затекнале огромен пожар. „Во моментов сѐ уште проверуваме дали има преостанати извори на пожар што би можеле да предизвикаат негово ширење, додека причината ќе се утврди во наредните часови“, рече Чаушиќ.

 

Тој додаде дека домот за стари лица се наоѓа далеку од фреквентни патишта, но противпожарните екипи брзо пристигнале, а на повредените им била укажана помош во рекордно време. „Ова е голема трагедија, но можеше да биде и многу поголема“, заклучи Чаушиќ.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Регион

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Read more

Албанија го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

Read more

Каква плата, таква казна: Нов Закон за сообраќајни прекршоци во Србија

Read more

Тито постхумно одликуван со Орден на честа во Република Ангола

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе