Четириесет и пет рудари останаа заробени по пожар во рудник за јаглен во областа Кемерово во рускиот Сибир, соопшти регионалниот истражен комитет.
Во тек е операција за евакуација во рудникот Листвијажнаја и на површината се извадени 70 рудари, соопшти Комитетот.
„Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад. Бројот на жртвите се утврдува“, се вели во соопштението на Комитетот.
Новинската агенција Интерфакс објави, цитирајќи официјален извор од управата на рудникот, дека не се знае каде се 75 рудари.