Во Тутунскиот комбинат Прилеп доцна синоќа избувнал пожар при што е опожарена сушалница за тутун.
Пожарот избувнал околу 00:10 часот и бил изгаснат во еден часот по полноќ од екипа на Територијалната противпожарна единица.
Како што соопшти полицијата, причините за пожарот сè уште не се познати, а увид ќе се врши во текот на денов.