Пожари во Калифорнија: Најмалку петмина загинати, илјадници евакуирани

Сан Франциско, 21 август 2020 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа, а десетици илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во заливското подрачје на Сан Франциско, каде беснеат десетици пожари предизвикани од над 11.000 молњи.

Во пожарите кои ја зафатија Северна Калифорнија загинаа најмалку пет лица, од кои три во округот Напа, едно во округот Солано, а загина и еден пилот кој од хеликоптер ги гаснеше пожарите. Најмалку две лица се сметаат за исчезнати, а повредени се повеќе од 30 жители и пожарникари.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, по посетата на евакуацискиот центар во Ватсонвил рече дека пожарите се јасен показател за климатските промени.

– Ако ги негирате климатските промени, дојдете во Калифорнија, порача Њусом.

Во Калифорнија во моментов беснеат десетици големи пожари, кои уништија над 150 објекти, меѓу кои и семејни куќи, а загрозени се 50.000 домови. На терен се повеќе од 10 илјади пожарникари, од кои дел се со продолжени смени до 72 часа.

Во Калифорнија веќе една седмица има рекордни температури, а во неделата, во Долината на смртта, беа измерени рекордни 54,4 Целзиусови степени.

Истовремено, земјата е погодена и од најлошите бури во последните 20 години. Неделава околу 11 илјади молњи предизвикаа 370 пожари.

Државниот парк Биг Басен Редвудс, најстариот државен парк во Калифорнија со стебла на секвоја стари до 2.000 години, претрпе сериозни оштетувања на историските згради, соопшти управата на паркот. 

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Свет

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Read more

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Read more

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Read more

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Read more
 

Вести

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе

На велопатека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Читај повеќе

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Читај повеќе
  • filter

Зошто треба да ја посетите ретроспективната изложба на Анета Светиева?

Читај повеќе