Пожарите во Австралија создаваат огнено торнадо

Големите пожари што ја уништуваат Австралија произведуваат толку многу топлина што создаваат огненo торнадо.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс предупреди дека крајбрежниот пожар создава микро-клима на 287 километри јужно од Сиднеј.

– Тоа е многу опасна ситуација. Следете ги условите околу вас и преземете соодветни мерки, објави противпожарната служба на социјални мрежи.

Пожарите, потпомогнати од високите температури и силниот ветер, продолжуваат да пустошат на источниот брег на Австралија.

Австралиските власти велат дека очекуваат дека пожарот ќе продолжи да се шири.

Шеснаесет пожари во австралиската држава Викторија се обележани со највисоко ниво на опасност и луѓето во тие области се евакуирани.

Во Нов Јужен Велс има 12 активни и големи пожари, а пожар има на повеќе од 100 локации во двете држави.

Откако избувнаа нови пожари и некои од постојните се вон контрола, министерот за транспорт на Нов Јужен Велс, Ендру Констанс, ја нарече ситуацијата катаклизмична.

– Морам да бидам искрен, ова не се шумски пожари, ова е атомска бомба, рече Констанс.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклиан изјави дека ситуацијата со пожарот е „многу променлива“.

– Пред нас е долга ноќ и најлошото допрва треба да се случи, рече Берџиклиан.

Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека досега загинаа 23 лица, од кои дванаесет загинаа оваа недела. 

реклама

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more

Нови видеа

play_arrow

Фејл ферка: Америка - Британија

Read more
play_arrow

Зошто англиските клубови не доминираат во Европа?

Read more
play_arrow

Кога глумците не глумеа

Read more
play_arrow

Топ 10 најнеочекувани враќања на филмски ликови

Read more
play_arrow

7 најдобри дебитантски сезони во историјата на фудбалот

Read more
play_arrow

Идиоти на тркала - компилација

Read more
play_arrow

10 настани во кои не би поверувале доколку не беа снимени

Read more
play_arrow
10 трикови со кои ќе учите побрзо и подобро

10 трикови со кои ќе учите побрзо и полесно

Read more
play_arrow

7 фудбалери кои играле во погрешни епохи

Read more
play_arrow

Топ 10 најразорни поплави снимени на камера

Read more
play_arrow

Што ќе се случува со Мундијалот?

Read more
play_arrow

Најдобрите реклами на Супер боул 2024

Read more