Пожарите во Австралија создаваат огнено торнадо

Големите пожари што ја уништуваат Австралија произведуваат толку многу топлина што создаваат огненo торнадо.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс предупреди дека крајбрежниот пожар создава микро-клима на 287 километри јужно од Сиднеј.

– Тоа е многу опасна ситуација. Следете ги условите околу вас и преземете соодветни мерки, објави противпожарната служба на социјални мрежи.

Пожарите, потпомогнати од високите температури и силниот ветер, продолжуваат да пустошат на источниот брег на Австралија.

Австралиските власти велат дека очекуваат дека пожарот ќе продолжи да се шири.

Шеснаесет пожари во австралиската држава Викторија се обележани со највисоко ниво на опасност и луѓето во тие области се евакуирани.

Во Нов Јужен Велс има 12 активни и големи пожари, а пожар има на повеќе од 100 локации во двете држави.

Откако избувнаа нови пожари и некои од постојните се вон контрола, министерот за транспорт на Нов Јужен Велс, Ендру Констанс, ја нарече ситуацијата катаклизмична.

– Морам да бидам искрен, ова не се шумски пожари, ова е атомска бомба, рече Констанс.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклиан изјави дека ситуацијата со пожарот е „многу променлива“.

– Пред нас е долга ноќ и најлошото допрва треба да се случи, рече Берџиклиан.

Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека досега загинаа 23 лица, од кои дванаесет загинаа оваа недела. 

реклама

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more

Нови видеа

play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Read more
play_arrow

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
play_arrow

Димитриевски: Чиста мрежа и повеќе реализирани шанси против Црна Гора

Read more
play_arrow

Милевски: Ќе има промени во составот, реализацијата мора да се подобри

Read more
play_arrow

Зошто Тотенхем немаат освоено трофеј со децении?

Read more
play_arrow

Топ 10 најдобри сцени со танцување во филмови од 80-тите

Read more
play_arrow

Искрен трејлер за Wonka

Read more
play_arrow

Што ви се случува во телото кога јадете брза храна?

Read more
play_arrow

Седумте најголеми фудбалски менаџери на 21. век

Read more
play_arrow

Левица објави химна за изборите - Ќе победиме

Read more
play_arrow

Најлошо менаџираната фудбалска репрезентација во светот

Read more
play_arrow

Идиоти ширум Европа - фејл компилација

Read more