Францускиот астронаут Томас Песке, кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на Twitter објави фотографија од пожарите во Грција.
Фотографијата е направена од Станицата пред неколку дена и ги прикажува пожарите кои го зафатија полуостровот Пелопонез, на југот на Грција.
„Пелопонез неколку дена гори, пожарите и понатаму траат. Нашите мисли се со оние кои моментално страдаат поради пожарите во Калифорнија и на југот на Европа“, напиша астронаутот.
Тој додаде дека нашата клима се менува и дека мора да донесеме тешки одлуки како вид за да го избегнеме она најлошото.
„Моите мисли се со сите оние кои се погодени од шумски пожари и интензивни жештини на Медитеранот“, додаде астронаутот.