Македонија

Пожарникари и доброволци цела ноќ го гасеа пожарот во Кондово

13. август 2017 - 10:12 | Макфакс

Пожарникарите и месното население цела ноќ го гасеа пожарот што се разгоре вчера вечер во скопско Кондово.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пожарот е сè уште активен, а околу селото е направен заштитен појас за да се спречи негово ширење.

Пожарот не ги зафати куќите во селото.

Во гасењето на пожарот учествуваа четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население.

Коментирај