Пожарникари спасиле куче заробено во замрзнат поток
Канадски пожарникари влетаа во помош и спасија куче заробено во замрзнат поток во покраината Саскачеван.
Сопственикот за време на прошетка го пуштил кучето од синџирот, но тоа избегало малку подалеку и се нашло во замрзнатиот поток.
Сопственикот сфатил дека не може сам да го извади од мразот, па ги повикал пожарникарите кои набргу стигнале и го спасиле кучето.