Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку Facebook извести дека заедно со пожарникарите, и цивили се заробени на Огражден.
„Во моментот сме опколени од сите страни над Бадилен и ни се прекинати сите копнени врски. Очекуваме да дојдат уште 2 хеликоптера да продолжат со гаснење за да може да се евакуираме“, рече градоначалникот Божинов.
❗️Во моментот сме опколени од сите страни над Бадилен и ни се прекинати сите копнени врски. Очекуваме да дојдат уште 2 хеликоптери да продолжат со гасење за да може да се евакуираме.
Posted by Ѓорѓе Божинов on Wednesday, July 17, 2024
Струмичките пожарникари споделија видео на социјалните мрежи од евакуацијата од Огражден.