Пожарот на Евија во Грција е вон контрола, евакуирани околу 500 жители

Атина, 14 август 2019 (МИА) –  Неколку илјади пожарникари се борат со шумски пожари во Грција, а најголемиот е на островот Евија, северно од Атина, што сè уште е вон контрола.

Според денешни информаци од грчки медиуми, ситуацијата е малку подобра.

-Се чини дека ситуацијата е подобра, пожарникарите направија големи, натчовечки напори, изјави регионалниот гувернер за цернтрална Грција, Костас Бакојанис за телевизијата Скај.

Бакојани изјави дека пожарите биле исклучително тешки за гаснење, но истакна дека човечки животи не се загрозени.

Во Грција избувнаа 56 пожари во рок од 24 часа помеѓу понеделникот и вторникот.

„Катимерини“ го нарече пожарот во централна Евија како голема катастрофа за животната средина. Пожарот зафатил фронт од 12 километри и прогласена е вонредна состојба.

Пожарот во Евија синоќа беше надвор од контрола во близина на селата Макримали, Контодеспони, Платани и Ставрос, кои заедно со еден манастир беа евакуирани.

Околу 500 жители на областа беа евакуирани до пладне во вторникот. Некои беа евакуирани со полициски автобуси, додека други користеа свои возила.

Пожарот го гаснат 280 пожарникари, доброволци, војници, шест канадери и шест хеликоптери.

Шумски пожари се надвор од контрола во најмалку четири други грчки региони. Во изминатите  три дена пожарникарите интервенирале 182 пати. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Регион

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе