Пожарот во Гостивар откри мрачна вистина на дисфункционално семејство

Вчерашната трагедија со пожарот во Гостивар по сè изгледа е само врв од ледениот брег на последиците кои ќе испливаат на површина. Допрва ќе следуваат и одговори на прашањата поврзани со трагедијата.

Засега е познат само првичниот исход: седумгодишно дете го загуби животот, неговата мајка С.Т. (35) има помали изгореници и преживеан шок, еден стан речиси целосно е изгорен, а неколку се оштетени.

Семејството не било корисник на социјална помош, ниту евидентирано во Центарот за социјална работа. Таму немало никакви информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството. Една од информациите која не ја потврдија институциите е дека несреќното дете не било заведено во матичната евиденција. Тоа припаѓало на категоријата „деца фантоми“ и не одело на училиште.

Последната информација за настанот е лишувањето од слобода на мајката на починатото дете. Од СВР Гостивар, информираа дека жената вчера околу пладне е задржана во полициска станица под сомнение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ (член 203 став 2 од КЗ). Таму ќе биде задржана до денеска, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

По првичниот шок, станарите во третата зграда на улицата „Кеј Вардар“ откако вчера утрото нерасонети спасуваа жива глава од огнената стихија која изби во стан на третиот кат, сè уште не можеа да влезат во домовите. Се чека увид на екипа од МВР.

Објектот е без струја, а станарите ноќта ќе ја поминат кај роднини. За помалку од половина час, следуваше уште еден шок. Дознаа дека детето на соседите починало од изгорениците и задушување со отровен чад. Неколку часа подоцна, тие и пошироката јавност се потресоа од сознанието дека детето пред да дојдат пожарникарите било врзано со ланец за нозете.

Сознанијата ги потврдија од ОЈО од каде во соопштение наведоа дека во исказот на семејството, тоа е направено поради неговата агресивност.

Во разговор со соседите дознавме дека станува збор за дисфункционално семејството кое броело шест члена. Покрај С.Т. и нејзината сестра имало и уште три девојчиња и починатото дете. Тие по потекло се од Ресен, а во станот се доселиле како потстанари пред десетина дена. Сопственикот на станот е од Гостивар и подолго време го издавал под кирија.

Од Центарот за социјални работи Гостивар информираа дека ниту еден член од семејството го нема во нивната евиденција, а не било корисник на ниту едно право или услуга од социјалната и детската заштита. Сепак, во рамки на нивните надлежности веќе обезбедиле сместување и соодветна грижа за членовите од семејството коишто настрадаа во опожарениот стан.

Засега остануваат неодговорени повеќе прашања: од кога семејството живее во Гостивар, кој е одговорен и како се случило дете да биде врзано со ланец и катанец? Дали соседите не забележале ништо сомнително кај новодојденците, дали трагедијата е сплет на несреќни околности и конечно дали можела да биде избегната?

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе