Позитивен наставник изолира колега и 22 ученика, а заболени се и три медицински лица во Кавадарци.
Оваа информација за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Изминативе 24 часа во Кавадарци се потврдени 18 случаи на коронавирус, во Неготино шест, а во Росоман еден.
Тие се на возраст од 8-71 година.