Позитивна и забавна: Откријте сè за жената Стрелец

Позитивна, насмеана, полна со живот, ведра, забавна, сигурна во себе – сето ова ја опишува жената Стрелец. Ја нарекуваат „мудар филозоф“ бидејќи е љубопитна и е во потрага по нови сознанија и откритија.

Обожава да води долги разговори и да расправа на сите теми, од политика и религија до секс – таа е слободоумна и за неа не постои табу тема. Искрена е, независна и отворена за нови искуства, па затоа има и многу пријатели.

Ја фасцинираат многу работи, особено од областа на етиката и филозофијата. Мрази ограничувања и рутина – жената Стрелец е флексибилна и го менува распоредот како што нејзе ѝ одговара. Нејзините најголеми маани се нечувствителност и површност.

Секс и врски

Љубовта е вечна мистерија за жената Стрелец. Љубовта ја сметаат како награда за која мечтаат и како највредно, скриено богатство. Се плашат да не бидат повредени, па затоа за партнери ги бираат нивните најдобри пријатели.

Не сакаат монотонија, па не очекувајте дека во врската со неа ќе останете дома и ќе гледате филм. Сака да го дели животот со некој со кој е рамноправна, но и со партнер кој ќе сака да патува со неа.

Ќе го обожава партнерот, но ќе ја цени нејзината независност и ќе биде уште попривлечна со тоа. Жената Стрелец е страстна, обожава да пробува нови работи во спалната соба и да експериментира.

Пријателство

Ако сакате да се ослободите од предрасудите, тогаш ви треба пријателка родена во знакот на Стрелец која ќе ви помогне да го постигнете тоа. Таа е мајстор за водење интелектуални и поучни разговори, но е и најголемиот шегаџија во друштвото.

Нејзините најдобри пријатели се родени во знакот на Водолија или Вага.

Изглед

Жената Стрелец ќе ја препознаете по големото чело, по начинот на кој се движи, по густите веѓи, долгиот нос и овалното лице. Слаби се и имаат прекрасно тело.

Сакаат памучна гардероба и облека во која ќе се чувствуваат удобно. Тие мечтаат за патување во далечни земји, а не да купат пар нови чевли. Сакаат да одат во шопинг, но го купувааат првото парче што ќе им се допадне, без размислување.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе