Позитивните ги кријат своите контакти, велат од ЦЈЗ Куманово

Епидемилогот д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска на Советот на Општина Куманово, одговарајќи на прашањата на советниците за актуелната состојба со COVID-19 во градот, рече дека позитивните пациенти ги кријат своите контакти во епидемиолошката анкета.

Како што појанси д-р Стаменковска, веднаш по добивање на позитивен резултат, во текот на денот Одделението за епидемиолошка дејност во дата база добива резултати за позитивни случаи. Потоа епидемиолозите од ЦЈЗ вршат епидемиолошка анкета, се контактира телефонски лицето кое е позитивно и врз база на анкетниот прашалник лицето е должно да ги даде сите барани податоци на најблиски контакти.

– Пополнуваме форми за следење на контакти, но она за одбележување е дека во последно време во претходните два месеци имаме навистина помал број на кажување контакти од страна на позитивните лица. Свесно избегнуваат изолација и знаеме дека сите контакти на позитивното лице 14 дена треба да бидат во домашна изолација, тоа е тој период доволен лицето да биде изолирано да не се шири инфекцијата, рече др. Стаменковска.

Според епидемилогот д-р Стаменковска, во последните месеци позитивните лица ги пријавуваат само најтесните членови на семејството како контакти, а пошироките ги кријат и потешко се доаѓа до контактите, освен ако самите не се јават дека биле во контакт со заболено лице.

– Потенцирам дека сè помал број контакти се јавуваат, ако во првите месеци во март или април на еден позитивен имавме од 10 до 15 лица котантки, сега се помалку и од самите установи и инстиуции и самите лица од семејството не покажуваат, така да на едно позитивно лице имаме по 2-3 контакти, вели епидемилогот.

Епидемиолошките служби преку два телефона се во постојан контакт со граѓаните и примаат повици 24 часа.

– Тие податоци ги обработуваме во истот ден, списокот го доставуваме во МВР, и потоа од нивна страна конторола, истите ги доставуваме до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во текот на 24 часа тој изготвува решенија кои се доставуваат во оваа фаза ги доставуваат преку мобилен телефон и истите се доставуваат во текот на 24 часа. Тоа е тој принцип на работа според протокол кој го имаме како епидемиолошки служби, појасни епидемиологот.

Како што потенцираше д-р Јадранка Стаменковска, според фактичката состојба, се очекува и во следните месеци неповолна епидемиолошка состојба во градот, а бројот на случаи да биде зголемен, пишува порталот kumanovskimuabeti.mk.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе