Позлатениот кикбоксер Ѓорѓиев: Ова е најомразениот златен медал што сум го освоил

Македонската спортска јавност деновиве доживеа нова радост откако Димитар Ѓорѓиев стана светски шампион, но прослава ќе нема, ниту прием, бидејќи позлатениот кикбоксер е длабоко разочара од длабоката поделеност во Македонија.

Ѓорѓиев, кој во италијанското туристичко гратче Лидо Ди Јесоло се искачи на светскиот трон, всушност по четврти пат, преку Facebook се обрати до јавноста искажувајќи ја својата разочараност од политичката поделба на македонскиот народ. Разочаран е моменталната ситуација и поради тоа не му е дојдено до славење.

„Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред сѐ од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега“, пишува тој.

Покрај четирите титули светски шампион, има и една титула европски шампион. Но, оваа последнава, како што вели, му е најомразена. Затоа и додаде дека не сака никакви пречеци и прослави, не при ваква поделеност настаната од локалните избори.

„Исто така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ќе бидат откажани, а досегашните ќе ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејќи сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа!“, заврши Ѓорѓиев.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе