Volkswagen во ноември ќе го претстави Golf R, а сега е објавен и тизер кој го најавува новиот модел.
Тизерот не го открива дизајнот на екстериерот на Golf R, но овој модел претходно беше фотографиран за време на тестирањето, па затоа е познато како изгледа.
Во споредба со моделот GTI, новиот R има препознатлива предна маска, уникатно решение за ладилникот, спојлер со агресивен изглед.
Ќе го придвижува 2,0-литарски 4-цилиндричен бензин кој развива 328 КС.
Новиот модел ќе биде конкуренција на Honda Civic Type R и Renault Megane R.S Trophy.
Претставувањето е закажано за 4 ноември.