Како што наближува летото, стануваме сѐ повозбудени за новите смартфони кои треба да се појават во текот на годината, а како и секогаш, Samsung се наоѓа на самиот врв на листата на најочекувани премиери.
Извори блиски до Samsung тврдат дека јужнокорејската компанија ќе го претстави новиот смартфон Galaxy Note 10 на 7 август во Њујорк.
Note традиционално е првата нова технологија која излегува од Samsung секоја година, а гласините велат дека оваа година ќе биде претставен модел во две големини од кои едната ќе биде верзија која поддржува 5G технологија. Исто така, претходните шпекулации кои тврдеа дека 3,5-милиметарскиот отвор за слушалки ќе стане минато изгледа дека се вистинити и Samsung конечно ќе се реши на поинакво решение.
Неодамна на Twitter се појави рендер кој е доказ дека компанијата ќе ги елиминира горниот и долниот раб на предната страна. Дупчето во кое е сместена предната камера е поместено во средина средината, наместо во страничниот дел како кај Galaxy S10.
Поголемиот Note 10 ќе има голем 6,75-инчен екран, додека помалиот ќе пристигне со 6,3-инчен екран. Се чини дека двата уреди ќе имаат три камери на задната страна, кои ќе бидат подредени вертикално.
Samsung веројатно ќе го избере Barclays Center во Бруклин како местото за претставување на новиот Note, a најавите се дека тоа ќе се случи на 7 август. Дотогаш очекуваме нови детали за Note 10.