Тетовската полиција информираше дека е идентификуван починатиот маж кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот.
Станува збор за 53-годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.
– По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираат од СВР Тетово.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.